Авганистан лежи на милијарди


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако над земја Авганистан нема речиси никакво вредно материјално богатство од економски аспект, меѓутоа ако може да им се верува на американски воени функционери и геолози, под земја имаат над 1.000 милијарди долари во минерали.

Резултатите од американските анализи се во согласност со советските истражувања. Земјата ги има стандардните руди: железо, бакар и злато, меѓутоа меѓу другото има и кобалт, реткиот елемент неодиум и веројатно е едно од најголемите наоѓалишта на литиум во светот (да, истиот литиум што го има во сите батерии од мобилни до автомобили).

„Авганистан секако е еден од најбогатите земји во регионот со традиционални скапоцени метали, меѓутоа и метали кои се потребни за новата економија на 21-от век,“ објаснува научникот и основач на Еколоџикал фјучрс груп, Род Шуновер.

Причината зошто сите овие богатства се уште под земја е што никогаш до сега немало услови да се започне посериозна операција за нивно вадење. Процената на Си-ен-ен е дека тешко дека тоа ќе се смени за време на талибанското владеење, меѓутоа многу е веројатно дека Кина, Пакистан и Индија ќе се обидат направат нешто. Според меѓународната агенција за енергија во просек потребни се 16 години од моментот на откривање на наоѓалиште на руда до почетокот на работа на рудникот.

Моментално Авганистан годишно вади руда во вредност од 1 милијарда долари, меѓутоа претпоставката е дека 30 до 40 проценти од овие пари се губат на корупција.

Шуновер смета дека има некоја шанса дека талибанците би можеле да го „окрупнат“ рударскиот сектор кој моментално е расцепкан меѓу различните главешини кои имаат помали рударски проекти. Проблем е што пред да стигнат да мислат околу рударството талибанците прво ќе треба да поработат за колку толку да ги пофаќаат работите во земјата.

Сето ова го отвора патот за Кина, светскиот лидер во копање ретки елементи. Кина за цело ова време одржува коректни односи со талибанците, плус директно се граничи со Авганистан. Главната препрека во планот на Кина би било самото тоа што вадењето руда е долгорочна операција, а дури и ним, талибанците не им изгледаат како стабилни партнери. Кинезите имаат и претходно искуство во земјата, кога инвестираа во рудник за бакар во Авганистан, кој никогаш не беше завршен.