Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Првиот цитат од аудиоснимката од последните мигови живот на саудискиот новинар Џамал Кашоги беше објавена на турскиот портал „Хабертурк“.
Звуците од претепувањето и мачењето се следени со тишина која трае час и 15 минути. Потоа се слуша глас кој се жали на големината на чевлите.
„Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути“, се слуша наводно гласот на инженерот Мустафа ал-Мадани, кој во тој момент се подготвува да излезе надвор како двојник на Кашоги.
Тој се шегува дека чевлите на Кашоги се премали, па колегите му дозволуваат да ги носи своите патики, што во голема мера придонесе да го откријат властите.