Audi прави промена: Еве каков новитет воведува автомобилскиот гигант

detail

Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Секој нов модел на Audi сега заедно со ознаката за типот на моторот, на капакот од багажниот простор ќе има и двоцифрен број кој завршува со нула или петка.

Германскиот производител одлучи дополнително да го искомплицира обележувањето на своите автомобили. Досега, моделите на Audi на задната страна од возилото имаа име на моделот кој се состоеше главно од една буква (A, Q, S или R) и едноцифрен број.

Така се означени сите модели, од најмалиот А1, до најголемиот SUV Q7, или спортскиот двосед R8 (со некои исклучоци како на пр. Audi TT). Освен основното име на моделот, назад се наоѓаше и збир на букви кои го означуваа типот на моторот (како TFSI, TDI, g-tron, е-tron).

Сега, покрај горенаведеното, непосредно пред ознаката на моторот ќе биде додаден двоцифрен број кој завршува со нула или пет – во опсег од 30-70 односно број со кој се дефинира моќта на погонскиот агрегат на автомобил.

На пример, бројот 30 значи дека автомобилот има мотор со моќност помеѓу 110 КС (81 kW) и 130 КС (96 kW), додека, да речеме, 45 покажува дека погонската единица припаѓа на категоријата на оние помеѓу 230 КС (169 kW) И 252 КС (185 kW).

Најголемиот број, 70, ќе го носат модели со агрегат кој испорачува повеќе од 544 КС (400 kW).

Вака изгледа комплетната листа на ознаки и соодветна моќност на моторот:

30 = 110-130 КС (81-96 kW)
35 = 150-163 КС (110-120 kW)
40 = 170-204 КС (125-150 kW)
45 = 230-252 КС (169-185 kW)
50 = 285-313 КС (210-230 kW)
55 = 333-374 КС (245-275 kW)
60 = 435-462 КС (320-340 kW)
70 = 544+ КС (400+ kW)