„Ауди“ повлече 1,1 милиони автомобили поради ризик од пожар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Германскиот производител на автомобили „Ауди“ повторно повлече автомобили од продажба со бензиски 2.0 ТФСИ мотор поради проблеми со пумпата на ладилникот.

Поради постоење на опасност пумпата на течноста за ладење да предизвика пожар предизвикан од влага или запушување, „Ауди“ повлече 1,1 милиони возила од целиот свет.

Сервисната акција се однесува на моделите A5 произведени 2013-2017 година, Q5 од 2013-2017, A4 2013-2016. и A6 2012-2015 година. „Ауди“ и минатата година се обиде да го реши овој проблем со доработка на софтверот, кој требаше да обезбеди прекин на доводот на струја во пумпата во случај на запушување или на неисправна работа, но очигледно таа метода не беше успешна.