Авто мото

Audi e-tron повторно „шпиониран“

Целосно електричната SUV верзија на Audi, моделот e-tron, е повторно забележан на шпионски фотографии за време на тест возењата по градскиот асфалт.

Е-tron треба официјално да биде претставен идната година, а дизајнот му е сличен на концептот презентиран во 2015.

Моделот ќе биде зачетник на новата серија комплетно електрични модели на Audi под e-tron беџот и ќе биде способен да помине до 500км со едно полнење на батериите.

Тој ќе биде ривал на веќе етаблираните електрични SUV возила како Tesla Model X, како и со сосема новиот Jaguar I-Pace, кој исто така треба да се појави на пазарот во 2018.

Руперт Штедлер, директорот на Audi, потврдил дека овој модел ќе биде спремен за продукција во 2018, и дека најверојатно нема да го има Q6 беџот – туку ќе биде прв од трите комплетно електрични Audi модели кои треба да се појават на пазарот до 2020.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top