Home Наука и техонологија Ацо Шопов – „Златен круг на времето“ – 39 години без Шопов, но со неговата вонвременска поезија

Ацо Шопов – „Златен круг на времето“ – 39 години без Шопов, но со неговата вонвременска поезија

20 април секогаш е ден за посебно сеќавање на делото, ликот и името на Ацо Шопов (Штип, 20 декември 1923 – Скопје, 20 април 1982). Тоа што имаше да го каже – го кажа во стихови, ритми и рими.

Златен круг на времето

Старинска ѕвездо, ѕвездо на пророци и чуда, –
распрсни се во стихот, потони во најцрн мрак.
Повеќе трае во крвта оваа светлина луда
и овој невидлив пламен што нема ни име ни знак.

Сениште ѕвездено, ѕвездо на студена мора, –
исчезни со сите наречници со сите митови падни.
Под ова стебло од зборови зараснати во столетна кора
се пали страшен оган и горат корени гладни.

Кој си ти што идеш со лузни од правта на векот дален,
со едно дамна во неврат отшумено време,
и место лика на некој очајник жален
носиш суров закон за себе и своето племе?

Гласи сe со виј од молк, проговори со поглед нем,
засводен во својот говор со јазли семоќно власни,
и како ненужен воин со очи од црнозем
обѕрни се во кругот златен и победоносен згасни.

Старинска ѕвездо, ѕвездо на пророци и чуда, –
распрсни се во стихот, потони во најдлабок збор,
додека трае во крвта оваа светлина луда
овој подземен оган, овој непрегор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…