Ацо Колевски едногласно избран за претседател на Советот на јавни обвинители


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Едногласно е избран новиот претседател на Советот на јавни обвинители. Се работи за Ацо Колевски кој со 10 гласа ЗА го наследи на функцијата досегашниот претседател, Коле Штерјев.

Мандатот на Колевски ќе трае 2 години, а тој по завршувањето на мандатот нема да има право повторно да биде избран на истата функција.

Штерјев на чело на Советот беше од 31 август 2017 година. Тој на позицијата го замени колегата Петар Аневски.

Колевски е член на советот од февруари минатата година а обвинител е од 1997 од основното преку организиран криминал до републичкото обвинителство. Но иако во минатото во јавноста се споменуваше по повеке предмети мегу кои и хеликоптерската несреќа кај Блаце во загинаа 11 офицери на АРМ, најдолго во медиумите се задржа неговото име откако побара од Врховен да му се укине притворот на бизнисменот Сеад Кочан кој тогаш беше во бегство и со тоа му се отвори патот да се врати назад на слобода. Ова барање и одлуката на врховен предизвика лавина на реакцииа а за врховните судии се уште се води постапка за разрешување. Колевски и денеска стои зад потписот на тоа барање за заштита на законитоста.

Сите случувања после тоа го оправдуваат барањето за заштита на законитоста. Доколку ова вонредно правно средство се употребуваше ова вонредно досега ќе се извршеше некаква контрола во работењето на СЈО, тие ќе немаа таква слобода да постапуваат без контрола и да дојдеме до оваа ситуација јавен обвинител, за жал, да се впушти во недозволени дејствија, рече Колевски.
Една од првите задачи на советот предводен од Колевски е постапката за разрешување на Катица Јанева која ја започна неговиот претходник вчера. Извештајот веќе бил испратен до Собранието. Но за разлика од Штерјев, Колевски не сакаше да го открие својот став за тоа дали треба Советот да бира В.Д шеф на СЈО.

Сакам да потенцирам дека Советот одлуките ги носи со мнозинство гласови, па доколку ова прашање се постави во работата на Советот јас ќе го изнесам на седница за да го слушнам мислењето на секој од членовите и евентуално заедно да донесеме некоја одлука доколку сметаме дека има потреба. Не би можел да кажам мој став бидејќи би го прејудицирал мислењето или одлуката која би ја донел Советот во однос на тоа прашање, рече Колевски

За случајот Рекет смета дека фрла темна дамка врз јавнобивнителската функција сепак за прашањата во врска со оваа истрага новинарите ги упати кон обивнителството за организиран кримина. За судбината на предметите на СЈО клучот го гледа пред се во Собранието.