Атракција во езерските води: Црните лебеди вратени во Охридското езеро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На иницијатива на Лајонс клубот „Лихнидос” црните лебеди се враќаат во Охридското Езеро. Женскиот лебед Лилит веќе заплива во езерото, а деновиве треба да и се се приклучи и Адам, пренесува порталот Охридњуз.

Во седумдесетите години во Охридското Езеро имало црни лебеди кои заедно со белите претставувале вистинска атракција во градот. Најголемиот непријател на лебедите е човечкиот фактор и во минатото тие страдале од несовесните граѓани.

Црните лебеди се донесени од зоолошката градина од Белград, а потекнуваат од Нов Зеланд и Австралија.

„Најголемиот проблем кај лебедите е човечкиот фактор. Лошиот човек, необрзован, оној кој сака да наштети, е опасен за сите лебеди, особено за црниот. Враќањето на црниот лебед во езерото ќе биде голем тест за охриѓани. Негувате ги лебедите, тие се вистински украс на нашиот град и на езерото. Кога можете хранете ги, дајте им шанса да успее и црниот и давајте идеи како да направиме животинскиот свет на езерото да биде уште побогат,  уште поразноврстен. На крајот на краиштата ова е добра акција за привлкување повеќе туристи“, изјави Зоран Тунтев од „Лихнидос” Лајонс клубот.

На иницијатива на „Лихнидос“ беа донесени и два бели пауни кои сега се вистинска атракција во манастирскиот комплекс Свети Наум.