Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Паулина Карина Дијаз, атрактивната спортска водителка од Колумбија, е уапсена поради сомневање дека киднапирала двајца мажи.
Популарната „Вештерка“, како ја нарекуваат оваа водителка, е обвинета дека со својот атрактивен изглед намамила двајца мажи во замка.
Според наводите од колумбиските власти, Дијаз и нејзиниот партнер, во декември, 2011 година, заедно организирале киднапирање на бизнисменот Хуго Лопез Монкајо и адвокатот Милтон Каро Виљамил. Се наведува дека тие двајца се видени како заедно со неа одат зад бар и оттогаш им се губи секаква трага.
Од нивните семејства тие барале откуп од три милиони колумбиски пезоси за да ги ослободат.
„Ги намамила од клубот во хотелска соба каде биле заклучени“, соопштува полицијата. Две лица се веќе осудени за овој случај на 23 години затвор.
27-годишната Дијаз која работи и како модел, ја води спортската емисија Guia Magazine на бразилскиот Канал 2. Сопственикот на ТВ куќата вели дека таа работела бесплатно бидејќи сакала да ја зголеми својата популарност и влијание на социјалните мрежи.