Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во сабота на 29 април, во Арената Филип Втори во Скопје ќе се одржи првиот аматерски атлетски митинг Скопје 2017.
Овој атлетски митинг е наменет за сите оние кои го сакаат трчањето, рекреативно се бават со трчање и спорт, се подготвуваат за Скопскиот Маратон или пак сакаат да ги проверат своите можности и брзина во некоја од предвидените дисциплини.
На утрешниот митинг учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините на 100 метри, 400, штафета 4 по 400, една миља (1600 метри), 5000, 10000 метри и скок во далечина. Секој заинтересиран
може да се пријави за учество на митингот преку веб страницата www.prvdovrv.mk
Атлетскиот митинг ќе трае од 14 до 18 часот и е отворен за сите заинтересирани за трчање и публика. Првиот атлетски митинг за рекреативци е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со Атлетската Федерација на Македонија.