Атлетико потврди: Симеоне ќе остане уште долго!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Марин, потврди дека тренерот Диего Симеоне сигурно ќе остане во клубот и во наредната сезона.

Мигел Анхел со оваа своја изјава стави крај на шпекулациите дека популарниот Чоло ќе замине од „Винсенте Калдерон“ на крајот од сезоната.

„Тој и наредната сезона ќе биде тренер на Атлетико. Овде е пет години и логично е да остане бидејќи сме презадоволни од неговата работа. Заедно растеме, што значи дека за двете страни е најпаметно да останеме заедно уште многу години“, изјави Мигел Анхел.

Диего Симеоне има договор со клубот до 2018 година, а изминатиот месец започнаа шпекулациите дека тој би можел да замине по завршувањето на сезоната.

Силен интерес за аргентинскиот стратег покажува милански Интер, а шпекулациите се зголемија кога самиот Симеоне призна дека еден ден сигурно ќе ги предводи „нероаѕурите“.