Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Атлетико Мадрид испрати барање до Ла Лига да го блокира регистрирањето на Гризман во тимот на Барселона.
Барселона минатата недела ја плати откупната клаузула на Гризман од 120 милиони евра и официјално го потврди трансферот.
Управата на мадридскиот клуб тврди дека Каталонците го договориле трансферот на францускиот напаѓач пред први јули, кога цената на неговата клаузула изнесуваше 200 милиони евра.
„Сумата која е уплатена не е доволна за да се плати неговата откупна клаузула. Очигледно е дека договорот меѓу двата клуба и Барселона е постигнат пред откупната клаузула од 200 милиони евра да падне на 120 милиони. Атлетико Мадрид смета дека договорот е прекршен, гледајќи ги сите факти, акции и изјави на фудбалерот, па клубот одлучи да покрене процедура за заштита на своите интереси“, пишува во соопштението на Атлетико.
Претседателот на Примера, Тебас изјави дека клубот од ,,Ванда Метрополитано” веќе испратиле барање до нив за блокирање на регистрирањето, но додаде дека тој проблем мора да го решат организациите и дека тие немаат право да одлучат за нешто што може да им штети на некој од клубовите.