Атлетико Мадрид во пол-позиција за Азар!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Торган Азар игра фантастична сезона во Бундеслигата и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Помалиот брат на ѕвездата на Челзи Еден Азар блеска во дресот на Борусија Мехенгалдбах и веќе има 8 гола и 5 асистенции на 12 меча во Бундеслигата. Тимот е на второто место на табелата и прави се што е можно за да потпише нов договор со Белгиецот, но тој ја одбива таквата можност.

Според „Билд“ најблиску до потписот на Торган Азар е Атлетико Мадрид, кој е спремен да понуди 40 милиони евра за неговиот потпис.

Актуелниот договор на Азар истекува во 2020 година, па германскиот клуб ќе биде приморан да го продаде во еден од двата наредни преодните рока, во јануари или на лето.

25-годишниот офанзивен фудбалер веќе четири сезони е во Мехенгладбах и постојано напредува, па Симеоне е убеден дека ќе биде идеално засилување за неговиот тим.

Шпанските медиуми потенцираат дека Еден Азар останува најголема желба на Реал Мадрид, па многу е веројатно од следната сезона да ги гледаме двајцата браќа во мадридските ривали.

https://twitter.com/Atleti_ENG/status/1068153697174204418