Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Плејмејкерот на Атлетико Мадрид, Коке го продолжи договорот со „јорганџиите“ и се обврза на верност до 2024 година, соопшти шпанскиот клуб.
По долгите преговори двете страни конечно постигнаа договор за продолжување на договорот и Коке стави потпис на нов седумгодишен договор.
„Aтлетико е тимот на мојот живот и за мене е чест да бидам дел од неговата иднина“, изјави Коке веднаш по потпишувањето на новиот договор.
Спортскиот директор на „јорганџиите“ Хозе Луиз Перес изјави дека е многу задоволен што Коке останува во тимот за долг период на време.
„Коке го отелотворува она што значи да си во Атлетико. Тој е мотиватор, неуморно работеше и има неверојатна желба да се подобрува постојано. Тој е еден од лидерите на тимот“, рече Перес.
Коке ја помина целата своја кариера во тимот на „црвено-белите“, а своето деби во првиот тим го има на 17-годишна возраст.