Атлетико ја купи ѕвездата на Севиља – до зима ќе го „чува“ во Лас Палмас


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Атлетико Мадрид го договори трансферот на Витоло од Севиља за 40 милиони евра, тврди весникот „Марка“.

Витоло за „јорганџиите“ ќе има право на настап по јануари бидејќи поради казната од ФИФА Атлетико не може да регистрира фудбалери во овој преоден рок.

Поради тоа Витоло првиот дел од сезоната ќе го мине во Лас Палмас. Првиот човек на Лас Палмас, Мигел Анхел Рамирез, синоќа во Мадрид со колегата од Атлетико, Енрике Серезо, ги договорил условите под кои Витоло ќе биде позајмен во овој клуб.

Клубот од Канарските Острови од Атлетико ќе добие пет милиони евра.

Витоло е вториот фудбалер кој во овој преоден рок ја напушта Севиља, откако капитенот Висенте Ибора се пресели во Лестер.