Атлетико и Бенфика се пласираа во четвртфинале од Лигата на шампионите – Манчестер Јунајтед и Ајакс се „во аут“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бенфика и Атлетико Мадрид се пласираа во четвртфинале откако запишаа гостински победи над Ајакс и Манчестер Јунајтед.

Атлетико шаховски го надигра Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, кој немаше одговор на играта која ја постави Симеоне.

„Црвените ѓаволи“ подобро го отворија мечот, ја контролираа играта, а најдобрата шанса ја имаше Еланга.

Атлетико се заканува со контранапади, најпрво Феликс постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а во 40-та минута Ренан Лоди погоди за водство од 1:0.

Во вториот дел Рангник направи неколку промени, фрли се на една карта, но Атлетико одлично се бранеше и не им дозволи на „црвените ѓаволи“ да креираат големи шанси пред голот на Облак.

Бенфика направи големо изненадување и славеше на гости кај фаворизираниот Ајакс. Херој за португалскиот гигант е Давид Нуњес, кој го постигна единствениот гол во 77-та минута.