Спорт

Атлетико без победа, Гризман со еврогол, тешка повреда на Торес (видео)

Атлетико Мадрид испушти два бода на „Риазор“ во Ла Коруња, откако одигра 1:1 со Депортиво, но натпреварот од 25.коло мина во знакот на тешката повреда на Фернандо Торес.

Искусниот напаѓач на Атлетико во 84.минута беше цел на жесток старт од страна на Алекс Бергантинос, во монетот кога со глава ја изби топката во поле.

Фернандо Торес падна на теренот, а лекарските екипи веднаш интервенираа, му го имобилизираа вратот и го однесоа в болница.

Информациите од Атлетико говорат дека „Торес доживеал драматичен потрес на мозокот“ и дека ноќта ќе ја мине под лекарски надзор во болницата во Ла Коруња.

Мечот заврши 1:1, а стрелци на головите беа Андоне за домаќинот во 12.минута по катастрофалната грешка на голманот Облак, а израмни со вистински еврогол Гризман во 68.минута.

Advertisements
To Top