„Атлетик“ тврди: Трансферот на Халанд е завршена работа – еве кој е новиот клуб на Норвежанецот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Реномираниот „Атлетик“ објави утрово дека трансферот на Халанд е завршен и дека наскоро се ќе биде официјално потврдено. Нивните информации велат дека во текот на неделата која започнува денеска, Халанд ќе го потврди трансферот во Манчестер Сити.

Борусија не се прашуваше премногу поради откупната клазула од 75 милиони евра во неговиот договор, додека преговорите помеѓу „граѓаните“ и „милионерите“ успешно се завршиле. Засега детали од договорот не се објавуваат.

Ерлинг Халанд сезонава постигна 21 гол на 23 натпревари, додека вкупно од доаѓањето во Борусија зад себе има 85 голови на 88 настапи.