Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот британски комичар и актер, Роуан Аткинсон, на повеќето познат како Мистер Бин, пристигна во Гудвуд на Фестивалот на брзината, каде што настапи во еден од најдобрите спортски новитети во последните години.
Аткинсон дојде во Гудвуд со мисија, која требаше да го промовира водородот како гориво. Малку неочекувано за сите оние кои знаат дека популарниот актер е жесток обожавател на моторите со внатрешно согорување, но и страстен колекционер на автомобилски класици.
Работите стануваат појасни кога ќе кажеме дека тој возел концепт базиран на „Toyota GR Yaris“. Станува збор за автомобил чиј 1,6-литарски трицилиндричен турбо мотор е модифициран да работи на водород. Значи, автомобилот нема водородни горивни ќелии и не работи на струја, но сепак постои класичното согорување на горивото, но тоа веќе не е бензин.
Патем, Аткинсон поседува „GR Yaris“, а „Toyota“ искрено го пофали овој потег бидејќи има за цел да ги одржи во живот класичните мотори со внатрешно согорување. Подеднакво позитивно мислење има и за Формула 1, која се обидува да најде начин да ги одржи класичните мотори преку хибридни технологии.
Во исто време, Аткинсон, кој е добро упатен во технологијата, нема многу пофални зборови за електрификацијата и електричните автомобили. Во написот за Гардијан оваа година, тој напиша дека се чувствува „измамен“ кога станува збор за електрични возила, велејќи дека „можеби би било подобро да го задржам мојот стар бензински автомобил отколку да купам електрично возило“.
Инаку, Роуан Аткинсон има голем број класични автомобили во својата колекција, од „McLaren F1“, преку примери на модели на луксузни брендови „Bentley“ и „Rolls-Royce“, до јангтајмери, како „Lancia Delta HF Integrale“, „Lancia Thema 8.32“ и „Mercedes 500E“.