ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД НАПАДОТ: Атентат врз рускиот амбасадор во Анкара!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рускиот амбасадор во Анкара, Андреј Карлов им подлегна на повредите, откако врз него беше стрелано со огнено оружје за време на неговата посета на една фото галерија во турскиот главен град.

Постои можност во нападот да се ранети уште неколку луѓе. Инцидентот се случува ден по протестите во Турција заради воената интервенција на Русија во Сирија.

Карлов беше однесен во болница каде им подлегна на повредите. Според руското министерство, Карлов бил лекуван на местото на нападот и не бил однесен во локалната болница, а порталот Спутник објави дека им подлегнал на повредите.

Според една руска телевизија, амбасадорот посетил изложба наречена „Русија како што ја гледаат Турците“.

Турските медиуми пренесоа дека Карлов држел говор додека во него било пукано со пиштол од позади грб.

Ова е објавена слика од атентаторот:
58581382-59a0-4236-ba61-6a320a0a0a6c-gunmab-690x480



Убиен напаѓачот на рускиот амбасадор во Турција

Напаѓачот на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов беше „неутрализиран“ од турските безбедносни сили, објавија турските медиуми.

Според очевидец на нападот, мажот кој пукал во рускиот амбасадор извикувал „Алепо“ и „одмазда“.

– Додека зборуваше амбасадорот висок маж во костум прво пукаше во воздух, а потоа врз дипломатот. Тој извикуваше „Алепо“ и „одмазда“, тврдеше очевидецот.

Убиецот на рускиот амбасадор бил турски специјалец

Мевљут Мерт Алтинтас наводно е името на напаѓачот што го уби рускиот амбасадор во Анкара, а тој бил полицаец во единицата на специјалните сили, јавија некои турски медиуми.

Тој е убиен непосредно откако пред народното собрание во националната галерија го застрела рускиот амбасадор додека држеше говор.

Москва сега го смета убиството на рускиот амбасадор во Анкара за терористички напад, соопшти руското министерство за надворешни работи.

„Ова што се случи ние го квалификуваме како терористички напад. Во моментов сме во контакт со турските власти, кои нè уверуваат дека ќе биде спроведена темелна, сеопфатна истрага“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

1 COMMENT

Comments are closed.