Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пари Сент Жермен сака долгорочно да го задржи Килијан Мбапе во своите редови и му нуди нов договор со астрономска плата.
Мбапе минатата сезона беше одличен во дресот на ПСЖ, па на 43 меча постигна 39 гола, од кои 33 беа во француското првенство поради што ја доби наградата за најдобар стрелец во Лига 1, а урна и многу рекорди.
Меѓутоа, младиот Французин е на мета на Реал Мадрид, кој е спремен да го сруши светскиот трансфер рекорд за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
И самиот Мбапе е поласкан од идејата да игра за еден од најголемите клубови во светот, па ПСЖ мораше брзо да реагира.
Управата на „светците“ сака да му понуди нов договор, според кој Французинот ќе заработува неверојатни 50 милиони евра годишно со вклучени бонуси.
Со тоа Мбапе ќе стане најплатениот фудбалер во светот и ќе заработува многу повеќе од Меси, Нејмар и Роналдо чија годинша плата се движи помеѓу 30 и 35 милиони евра.