Астрономите тврдат: Нашето Сонце има злобна ѕвезда-близнак


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познато е дека причината за истребувањето на диносаурусите бил катастрофален удар на комета, а сега астрономите откриле дека нашето Сонце можеби било родено со близнак.

Една хипотеза вели дека секои 27 милиони години, „злиот“ близнак наречен Nemesis се враќа и предизвикува хаос во Сончевиот систем. Тие веруваат дека таа ѕвезда, како што се движи кон надворешните граници на системот, насочува по неколку метеори во правец на Земјата, а еден од нив бил можеби бил и причина за истребувањето на диносаурусите.

Разни истражувања ги навеле научниците да веруваат дека повеќето ѕвезди се родени со најмалку еден „роднина“.

Според Стивен Шталер, астроном од UC Berkeley, биле направени низа статистички модели за да се процени популацијата на младите единечни ѕвезди во молекуларниот облак Персеј и единствениот модел кој можел да ги репродуцира податоците кои одговараат на сегашната негова состојба бил тој каде што сите ѕвезди иницијално се формирале во парови.