Асошиејтед Прес: Почина бремената од Украина чија фотографија го обиколи и потресе светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новинската агенција Асошиејтед Прес пренесува дека бремената жена од Украина чија фотографија го обиколи светот по руското бомбардирање на родилиштето во Мариупол го починала.

Токму, Асошиејтед прес ја сними трудницата, како спасувачите ја носат на носилки низ урнатините до возило на Итната медицинска помош додека таа го гали својот крвав труднички стомак, а нејзиното бледо лице го одразува шокот поради она што се случило.

Жената била итно пренесена во друга болница, но поблиску до линијата на фронтот, каде лекарите се труделе да ја одржат во живот. Сфаќајќи дека го губи своето бебе таа извикала: „Убијте ме сега!

Хирургот Тимур Марин открил дека карлицата на жената и била смачкана и ѝ бил изместен колкот. Лекарите го породиле бебето со царски рез, но тоа „не покажувало знаци на живот“.

-Повеќе од 30 минути реанимација на мајката не даде резултати. Двајцата умреа, рече Марин во саботата.