Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За две години од доаѓањето на власт на СДСМ и нивната коалиција, Министерството за култура ќе добие трет министер, откако актуелниот министер за култура од редовите на „Алтернатива“, Асаф Адеми, си поднесе оставка од функцијата. Адеми ја соопшти одлуката на прес-конференција во партиското седиште на „Алтернатива“ во скопска „Мавровка“.
Оставката, како што наведе, ја поднесува поради здравствени причини и во консултации со партискиот лидер Африм Гаши.
Асаф Адеми е втор министер за култура во актуелната Влада кој се повлекува од функцијата. Пред него Министерството за култура го водеше Роберт Алаѓозовски.