Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според Планот за распределба на административни службеници кој Артан Груби го достави до Владата, вкупно 1 357 административни службеници ќе бидат распределени во вкупно 258 институции на локална самоуправа и други државни органи основани во согласност со Уставот и законот.
„Оваа категорија на вработени ќе биде систематизирана во институции кои вршат активности од областа на образованието, науката, здравството, културата, социјалната заштита и заштитата на децата, спортот, како и други дејствија од јавен интерес утврдени со закон и организирани како јавни агенции, фондови, институции и претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општини, од Град Скопје, но исто така и од општини на град Скопје и државни акционерски агенции“, соопштуваат од кабинетот на Груби.
Планот ги опфаќа вработените во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кои засновале работен однос заклучно со 31 декември 2019 година.
„Груби вели дека согласно планот, вработениот ќе биде распореден во друга институција на работно место на исто ниво односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува“, се додава во соопштението.