Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Олимпик Лион не сака да го пушти својот голгетер Александер Лаказет во Арсенал за сума помала од 67 милиони евра, пренесуваат француските медиуми.
26-годишниот Лаказет е една од главните цели на Арсен Венгер во летниот преоден рок, и наводно „топџиите“ веќе стапиле во контакт со Лион.
Француските медиуми пишуваат дека претседателот на Лион, Жан Мишел Ола им соопштил на „топџиите“ дека ќе го пушти Лаказет само за понуда од 67 милиони евра.
Лаказет постигна 37 гола на 45 натпревари минатата сезона, 60 гола во изминатите две сезони и го привлече вниманието на многу европски гигнати.
Венгер сака по секоја цена да го донесе на „Емирати“, па останува да видиме дали е спремен да ја плати сумата која ја бара францускиот клуб.