Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Арсенал игра добро оваа сезона, но тренерот Унаи Емери очигледно не е задоволен од тимот и сака додатно да го засили во зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека „топџиите“ се силно заинтресирани за ѕвездата на ПСВ и мексикански репрезентативец, Ирвинг Лозано.
Лозано блезна на Светското првенство, а оваа сезона продолжи со добрите настапи и во 27 меча за ПСВ постигна 15 гола и 9 асистенции.
За Мексиканецот силен интерес покажуваат многу еврпски гиганти, но Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе спремил понуда од 27 милииони фунти.
Сепак, прашање е дали оваа понуда ќе ги задоволи апетитите на ПСВ, кој за слободата на својата ѕвезда бара минимум 40 милиони евра.