Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Управата на Арсенал одлучна е во намерата дополнително да ги засили своите редови.
„Топџиите“ играат солидно оваа сезона, но имаат големи проблеми во одбраната, а тоа го запали алармот на управата на клубот да бара засилување за дефанзивата. Последните информации кои доаѓаат од германските медиуми велат дека во белешката на тренерот Емери се наоѓа името Дајот Упамекано.
Дефанзивецот на Лајпциг беше на мета на Арсенал и ова лето, но договор на крајот не беше постигнат и 20-годишниот играч остана во Германија.
Сега британските медиуми пишуваат дека Арсенал е спремен да го победи Милан во трката за овој играч во трансфер кој би можел да биде околу 50 милиони фунти.
Упамекано во Лајпциг пристигна во 2017 година од Салзбург за 10 милиони евра, а во изминатите две сезони со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти.
#Arsenal 'leading the chase' for Dayot Upamecano with Gunners set to beat AC Milan to £50m signing. https://t.co/p4PCZydej6 via @MailOnline
— Gurjit (@GurjitAFC) October 21, 2019