Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе, дефинитивно ќе биде ѕвезда на летниот преоден рок, а веројатно е дека доколку замине од Монако, тогаш тој трансфер ќе биде најголем во историјата на фудбалот.
Многу европски великани се вклучија во трката по потписот на тинејџерот од Монако, кој во вториот дел од сезоната ја воодушеви Европа со своите игри.
Барем засега најголема желба да го ангажира има лондонски Арсенал. Овој клуб веќе понуди 100 милиони евра, но таа понуда Монако без размислување ја одби.
Наводно, Реал и Манчестр Сити биле подготвени да издвојат 130 милиони евра за Мбапе.
Специјализираниот фудбалски портал „4-4-2“, повикувајќи се на француски L’Equipe, во вторникот објави дека конечната понуда на Арсенал ќе биде 122 милиони фунти (140 милиони евра).
Од друга страна, медиумите во Англија не веруваат во такво нешто бидејќи во минатото Арсен Венгер покажа дека е „тежок“ кога треба да се трошат пари на засилувања.
Ако Мбапе пристигне во Арсенал за 140 милиони евра, клубот за цели 100 милиони евра ќе го сруши сопствениот трансфер рекорд. Најскап фудбалер во историјата на Арсенал е Месут Озил, кој во 2013 година од Реал пристигна за 40 милиони евра.