Арсенал пронајде замена за Санчез – преговите во напредна фаза!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Арсенал веќе ја почна потрагата по заменик за Алексис Санчез кој готово сигурно ќе го напушти клубот, а медиумите информираат дека веќе е познато неговото име.

Станува збор за ѕвездата на Бордо, Малком, а преставници на Арсенал денес ќе имаат средба со неговите агенти на која ќе преговараат за евентуален трансфер на „Емирати“.

20-годишниот Бразилец е главна трансфер цел на Арсен Венгер и во него гледа идеална замена за Алексис Санчез, кој одби да го продолжи договорот и само прашање на време е кога ќе се пресели во Манчестер Сити.

Манчестер Јунајтед и Тотенхем исто така се силно заинтересирани за Малком, а Бордо веќе одби една понуда од 30 милиони евра и за слободата на Бразилецот бара 50 милиони евра.

Се очекува „топџиите“ да понудат приближна сума и да ги задоволат апетитите на францускиот клуб. Поради тоа Арсенал сака денес да постигне комплетен договор со фудбалерот пред да испрати официјална понуда до Бордо.