Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и Ливерпул ќе водат битка во јануарскиот преоден рок за потписот на играчот на Реал Мадрид.
Станува збор за Дани Себаљос, кој ова лето пристина на „Сантиаго Бернабеу“, но не добива голема минутажа кај Зинедин Зиндан.
Себаљос пристигна во Реал како еден од најголемите шпански таленти, но не може да се избори со големата конкуренција во тимот на „кралевите“.
Играчот сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а таквата ситуација се спремни да ја искористат неколку клубови од Премиер лигата, пред се Арсенал и Ливерпул.
Двата клуба стапиле во контакт со неговиот агент, но проблем е што во Реал не сакаат трајно да се откажат од фудбалерот. „Кралевите“ се спремни да го пуштат Себаљос на позајмица, или доколку го продадат да вметнат клаузула со која што ќе можат да го вратат на „Сантиаго Бернабеу“.
Arsenal and Liverpool are in talks to sign Real Madrid midfielder Dani Ceballos. (Source: Diario Gol) pic.twitter.com/ndWqAURmr9
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 21, 2017