Арсенал „лаже“ дека Озил е повреден: Ова е вистинскиот проблем на Германецот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германскиот плејмејкер Месут Озил во последно време се наоѓа во тешка ситуација во Арсенал, бидејќи тренерот Унаи Емери не смета на него.

Озил оваа сезона често останува на клупа на важните натпревари, а на мечот против Тотенхем воопшто не беше во протоколот.

Од Арсенал порачаа дека станува збор за повреда, но англиските медиуми веднаш открија дека тоа не е вистина. Емери едноставно не смета на него и јасно е дека не се во добри односи.

Англиските медиуми веќе со денови шпекулираат за односот помеѓу Емери и Озил, па се обидоа да ја откријат причината зошто шпанскиот стручњак не смета повеќе на Германецот.

Денес медиумите на Островот објавија дека најголем проблем е опсесијата на Озил кон видео игрите, нешто што го налутило Емери. Наводно, Германецот во последно време станал голем фан на видео игри, а посебно се однесува на играта Fortnite. Тој има повеќе од 600 победи и не крие од јавноста дека сака да ја игра оваа игра. Наводно еднаш задоцнил на тренинг поради играта, па Емери одлучил да го казни.

Јасно му порачал дека нема да игра се додека не се стави во ред, а во Арсенал пробуваат тоа вешто да го сокријат со објавата дека најскапо платениот играч е повреден.