Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Независно дали ќе се пласира во Лигата на шампиони, или не, Арсенал на лето е спремен да прави вистинска реконструкција на тимот и ќе биде активен на трансфер пазарот.
Англиските медиуми пренесуваат дека Унаи Емери сака да донесе пет нови фудбалери, а приоритет ќе биде засилување на одбраната. „Индепендент“ открива дека главни трансфер мети на „топџиите“ ќе бидат Самуаел Умтити од Барселона и Давид Алаба од Баерн Минхен.
Познати Умтити е тешка сезона со повреди и до сега има одиграно само 9 меча во Примера. Барса сака да го донесе Де Лихт, па Французинот најверојатно ќе ја промени средината на крајот на сезоната, а негов приоритет е трансфер во Премиер лигата.
Bayern Munich left-back David Alaba & Barcelona centre-back Samuel Umtiti are both on top of Arsenal’s list of summer transfer targets, with the feeling that deals could be done for both, as Unai Emery wants to bring in at least five signings this summer. [Independent] #afc pic.twitter.com/1yynWFzMMU
— afcstuff (@afcstuff) March 28, 2019
Ситуацијата со Алаба е поразлична бидејќи Австриецот е незаменлив дел од тимот на Баерн Минхен. Меѓутоа, Баварците на таа позиција го купија Лукас Хернандез, па тоа може да го натера Алаба да ја промени средината.
Неодамна тој јавно призна дека би сакал еден ден да заигра во Премиер лигата и дека од мали нозе навива за Арсенал.
Сепак, на „топџиите“ воопшто нема да им биде лесно да донесат две топ-засилувања особено доколку не успеат да обезбедат пласман во Лигата на шампиони.