Home Шоубизнис Арон Картер, братот на Ник од Бекстрит Бојс, пронајден мртов

Арон Картер, братот на Ник од Бекстрит Бојс, пронајден мртов

Американскиот пејач и актер Арон Картер, брат на Ник Картер од Бекстрит Бојс, беше пронајден мртов во својот дом во Ланкастер, Калифорнија. Според сајтот ТМЗ, телото на 34-годишниот Картер било пронајдено во када. Полицијата дошла во неговата куќа откако било пријавено дека маж се удавил.

Причината за смртта засега не е позната, но од полицијата кажаа дека немало траги на насилство.

Помладиот брат на пејачот на „Бекстрит бојс“ Ник Картер се прослави уште како детска ѕвезда во 1990-ите. Вкупно објави пет студиски албуми, од кои првиот на деветгодишна возраст. Неговите први два албума достигнаа милионски тиражи.

Подоцна водеше проблематичен живот, исполнет со дроги, јавни семејни караници и ментални проблеми. Во септември објави дека доброволно се пријавил на рехабилитација, но пред само неколку дена повторно бил уапсен поради возење во пијана состојба.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …