Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во дискусија со новинарите во врска со начелната иницијатива за носење закон за пратенички привилегии, претседателот на Собранието Талат Џафери изјави: „Не може некој да биде пратеник 4 години, а потоа да брка по контејнери“.
„Идеја за таков закон како идеја може да постои, може да ја даде кој било пратеник, но кај мене нема пристигнато текст или драфт-верзија на закон за пратеници. Можам да се произнесам откако ќе го видам“, изјави Џафери по завршувањето на брифингот.
Џафери додаде дека во голем број земји во светот со законско решение бил уреден статусот на пратениците по истекот на мандатот.
„И во тие држави има невработени, социјалци, бездомници, не само кај нас. Но сите проблеми се уредуваат со закон“, рече тој.