Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фрапантното историски најголемо топење на мраз во еден ден кое на втори август оваа година се случи на Гренланд, кога во само 24 часа се истопија 12,5 милијарди тони лед, ги алармираше научниците на НАСА кои својот истражувачки фокус решија да го пренасочат кон Земјата.
Океанографите на НАСА истражуваат не само колку зголемените температури на воздухот влијаат на топењето на ледената покривка туку и колкаво влијание на тоа има сѐ потоплиот океан кој одоздола го топи мразот.
По достигнувањето на историскиот максимум на топење на мраз во еден ден, како што беше случајот со втори август оваа година кога се истопија 12,5 милијарди тони ледена маса на Гренланд, научниците на НАСА почнаа да го фокусираат своето внимание повеќе кон планетата Земја отколку кон вселената.
„На Гренланд има доволно мраз за да го крене нивото на морето за 7,5 метри, што е големо количество мраз и тоа би било разорно за крајбрежните области низ планетата“, вели за СНН океанографот Џош Вилис. „Требаше веќе да се повлекуваме од брегот ако се соочуваме со толку изгубени метри во следните век или два“.
Гренланд има влијание врз целата планета бидејќи милијарди тони мраз кои таму се топат го креваат нивото на морето во Австралија, Азија, САД, во Европа…„Сите сме поврзани со истиот океан“, вели Вилис.
Изминатиот јули беше забележан како најтопол месец измерен на планетата земја откако почнало мерењето на температурата во 1880 година. На Алјаска каде беа измерени рекордни 32 Целзиусови степени. Помор на лососи во реките. Кенгурите во Австралија танцуваат на снежна покривка. Тајфуни, торнада, циклони, потопија површини од стотици километри квдратни, а од вчера Исланд, но и светот се збогува со глечерот ОК кој целосно се истопи.
Во негова чест беше поставен споменик, а геологот Одур Сигурисон кој уште пред 10 години го прогласи за мртов, на настанот, постави и табла, „Писмо на иднината„ што треба да претставува потсетник за уништувањето на природата.
„Ок е првиот исландски глечер што го загуби статусот на глечер. Во наредните 200 години, сите наши глечери се очекува да го следат истиот пат. Овој споменик е признание дека знаме што се случува и што треба да се направи. Само Вие ќе знаете дали тоа го направивме. “
„Се чувствувам тажно, мислам дека овој момент ќе го памтат многу идни генерации. Сигурна сум дека дури и моите внуци би ме прашале, зошто не сум сторила повеќе“ – вели Гунхилдур Халгримсдотир – студентка.
Премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир, предупреди дека ова е само почеток и дека многу скоро, ваквите сведоштва ќе бидат се побројни. Исланд секоја година губи по околу 11 милијарди тони мраз, глобалното затоплување го зема данокот.
„Ние го гледаме лицето на климатската криза на различни начини ширум светот, но тоа е иста климатска криза. Ни треба межународна соработка, мора да размислими на каков начин ќе се соочиме со овој предизвик“ – рече Катрин Јакобсдотир – премиерка на Исланд .