Арјанит Хоџа за денеска најави оставка од министерската позиција во секторот земјоделие


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Актуелниот министер за земјоделство Арјанит Хоџа, член на Беса, ќе се повлече од функцијата. Тој за денеска најави конференција за медиуми.

Партијата Беса до локалните избори беше дел од владината коалиција, по што реши да се приклучи на новото собраниско мнозинство и да се потпише на иницијативата за гласање за доверба на Владата заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатова и Левица.

Хоџа од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.