Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Гробот на легендарниот султан на Османското царство, Сулејман Величествениот, во кој се наоѓа неговото срце, речиси сигурно е откриен во Унгарија, каде починал во 1566 година, изјави унгарски истражувач во средата, по ископувањата кои започнаа во октомври годинава.
Султанот Сулејман Величествениот починал во 1566 година на 71 година по битката кај Сигетвар, недалеку од денешната граница меѓу Унгарија и Хрватска.
„Речиси сум сигурен дека тука се наоѓа гробот, изјави Норберт Пап кој ја води екипата којашто од октомври започна со ископувањата на местото на коешто се претпоставува дека се наоѓа гробот на султанот. Ископувањата ќе бидат прекинати во текот на зимата, а ќе продолжат во април.
Телото на Сулејман Величествениот по неговата смрт е пренесено во Истанбул, но според легендата неговото срце и внатрешните органи се погребани на местото каде што умрел.
Досегашните ископувања кои се изведуваат со поддршка на унгарската и турската влада откриле остатоци од џамија и други градби чие сметување одговара на описот на османскиот град Турбек која на тоа подрачје се наоѓа на стара француска мапа со натписот „Тука почива Сулејман“.
„Многумина во Турција се прашуваат каде е неговиот гроб. Сега конечно се доближуваме до одговорот“, изјави турскиот амбасадор во Будимпешта, Шакир Факили.