Аргентинско танго меѓу Интер и Јуве: Размена Дибала – Икарди


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еминентнатниот весник „Газета дело Спорт“ во денешното издание открива дека Јувентус и Интер почнале да работат на спектакуларна трампа помеѓу двете свои ѕвезди.

Имено, весникот тврди дека може да дојде до размена на двајцата аргентински напаѓачи, Икарди и Дибала.

Икарди е веќе „отпишан“ од страна на Конте, а Аргентинецот со своето семејство не сака да ја напушти Италија и сака да остане во Серија А.

Од друга страна Конте силно го посакува Дибала во својот тим, а познато е дека Јувентус покажува силен интерес за Икарди веќе подолго време.

Поради тоа медиумите на Апенините се оптимисти дека оваа трампа ќе се реализира, а „Газета дело Спорт“ тврди дека се ќе биде готово до крајот на месец јуни.