Аргентински репрезентативец пред трансфер во Милан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот директор на Јувентс, Лучијано Моџи лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Милан веќе го договорил трансферот на Рордриго де Паул од Удинезе.

Аргентинескиот репрезентативец веќе неколку сезони игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите офанзивни фудбалери во Серија А.

Ова лето беше на мета на многу клубови, но Удинезе ги одби сите понуди, па Де Паул остана на „Фриули“.

„Де Паул уште летово требаше да потпише за Милан, но од илјада причини тоа не се случи. Сега се обновуваат преговорите и готово сигурно е дека ќе дојде во Милан. Тој е играч кој им е потребен на „росонерите“, тврди Моџи.

25-годишниот Аргентинец неодамна потпиша нов договор со Удинезе, па за неговата слобода клубот бара најмалку 35 милиони евра.