Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тим од Architectural Digest беше во посета на семејството Вест откако Канје Вест и Ким Кардашијан Вест решија да ги отворат за нив вратите од нивниот футуристички дом во Лос Анџелес.
Куќата на Ким и Канје во „Hidden Hills “ беше реновирана пред четири години и на неа потрошиле милиони долари. Во видеото што го снимија за АД, славната брачна двојка одговараше на меѓусебните прашања за куќата.
„Влезете во домот на Ким Кардашијан и Канје Вест кои ги поминаа сите граници“, објави AD.Ким рече дека пронашле совршен дом.
„Бев бремена, тој имаше куќа во Лос Анџелес , а јас имав куќа во Беверли Хилс. Ниту една од нив не беше баш семејна. Отидовме на прошетка еден ден и му реков дека оваа куќа е мојот дом од соништата. Тој рече дека му се допаѓа, а кога тој ќе го каже тоа така, значи дека буквално го обожава нештото, оти ништо не му се бендисува така лесно “, започна Ким.
„Тоа е моја специјалност, да не ми се допаѓа ништо“, одговори Канје, смеејќи и се на својата сопруга.
„Тогаш знаев дека тоа ќе биде нашата куќа од соништата и дека тој целосно ќе ја реконструира “, додаде Ким.Пред да се преселат, направиле два базени, во кои вложиле 50 000 долари, а интересно е што Ким до денес не се капела во нив.
„Кога последен пат си била во нашиот базен?” ја праша Канје, на што Ким се насмеа.
„Никогаш не сум била во нашиот базен“, рече таа и Канје во шок ја погледна, „Што?“
„Да, може да поверувате во тоа? Но, навистина ми се допаѓа нашиот базен“, додаде таа.