Арапски чалам: Шеик порача 7 исти примероци од Porsche 959 – едниот од нив е позлатен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден арапски шеик направи импресивна нарачка на 7 исти примероци од фамозниот модел 959 на планетарно популарната марка спортски автомобили Porsche. Еден од нив го порача да биде во златна боја.

Индивидуализацијата на овој модел одела толку далеку, што дури и ауспухот е премачкан со златна боја, а внатрешноста потсетува на Ролс Ројс или на Бентли.

Станува збор за примерок од 1989 година кога од Блискиот исток стигнала нарачка од богат шеик. Тој нарачал седум исти примероци на Porsche, но секој во различна боја. Залтниот автомобил бил само еден од седумте што Porsche Exclusive Manufaktur морал да ги направи. Оваа изведба на Porsche постигнувала максимална брзина од 300км/час.