Арапската принцеза која не носи хиџаб е храна за очи и душа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


33-годишната принцеза Амира Ал Тавил е единствена во Саудиска Арабија, но и остатокот од светот. Го отфрли хиџабот, се облекува како Европејка и се бори за правата на жената.

Принцезата Амира се обидува да ја поправи штетата која за исламот ја направија терористите.

„Терористите извикуваат Алах Акбар кога уништуваат, а ние тоа го говориме додека славиме, во секоја молитва, кога ќе видиме нешто убаво и кога сме слаби, исплашени и среќни“, објаснува Амира.

Амира активно се занимава со хуманитарна работа. Кога имала 18 години го запознала 10-години постариот принц Алвалид за кого се омажила, но во 2013 година се разведоа бидејќи на нејзиниот сопруг му беше наредено да ја контролира и да и забрани појавувње во медиуми.

Изјави дека сака да биде вистинска жена која ќе може да вози автомобил по улиците на Саудиска Арабија. Непрестано се бори за правата на жените во арапскиот свет и поради тоа секојдневно и се закануваат.

Светските модни списанија Амира ја прогласија за икона на стилот.

Нејзините зборови кои на сите можат да им послужат како ѕвезда водилка? „Доближи се до ивицата од која секогаш си се плашел. Обиди се да бидеш независен, направи го тоа на свој начин. Ќе ти се допадне“.