Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
42-годишната Хинд Мохамед Алболуки од Обединетите Арапски Емирати која избега од Дубаи во Македонија поради наводни сериозни закани по нејзиниот живот и побара азил кај нас, беше одбиена од нашите власти.
Во видео снимка објавена на интернет 42-годишната Алболуки тврди дека избегала од Дубаи поради сериозните закани од сопственото семејство затоа што побара развод од сопругот.
Но, Македонија на 4 февруари годинава го одбила нејзиното барање за азил. Хинд сега се наоѓа во притвор за емигранти, каде престојува од 7 декември минатата година, и се плаши дека властите ќе ја вратат во Емиратите.
Алболуки во видео снимката наведува дека семејството се обидело да ѝ го одземе пасошот и дека во тој момент сфатила дека мора да избега.
„Имам четири деца. Ниедна мајка не би ги напуштила децата туку така. Морав тоа да го направам, немав избор“, вели таа.
Ненад Димитров, пријател на Хинд Мохамед Алболуки кој живее во Македонија и кој се грижи за нејзиниот профил на Твитер откако е во притвор, кажа дека Хинд успеала да избега на 2 октомври минатата година кога семејството ѝ дозволило да отиде во тоалет.
Кога избегала од таму, немала ни чевли на нозете. Прво се скрила на едно градилиште, а потоа повикала такси кое ја одвело до пријател во градот Шарџах, раскажа Димитров.
Си-ен-ен не успеале да стапат во контакт со семејството на Алболуки.
Македонското министерство за внатрешни работи соопшти дека го одбило барањето за азил на Хинд Мохамед Алболуки бидејќи „немало докази за прогон… врз основа на нејзината раса, вера, националност… или политичка припадност“. Се додава и дека „немаат причина да веруваат дека на Хинд ѝ се закануваат, ако се врати (во Дубаи), сериозни повреди“.
Emirati woman Hind Mohammad Albolooki, who fled to the Republic of Macedonia, has made a desperate plea for help after her asylum request was rejected by the Balkan state. @HAlbolooki @CNN https://t.co/Ngm9as6tLG
— Bianca Britton (@biancabritton) February 11, 2019
Рада Стирлинг од британската организација Дитејнд ин Дубаи не се сложува со одлуката на македонското министерство. Таа смета дека Алболуки, доколку се врати во Обединетите Арапски Емирати, „веројатно ќе биде тешко казнета за бегството“.
„Патријархалниот систем и неформалните машки правила за старателство над жената од кои Хинд бега се подеднакво изразени во Емиратите како и во Саудиска Арабија“, вели Стирлинг.
„Многумина мислат дека Емиратите се полиберални, позападно ориентирано општество. Обединетите Арапски Емирати напорно работат на изградба на таа претстава, но реалноста е драматично поинаква“, додава таа.
„Во Емиратите силуваните жени се спасени и обвинувани за секс надвор од брак, на жените им се забранува пристап до децата по разводот, а законите всушност им пропишуваат на жените да им бидат послушни на машките старатели“, објаснува Стирлинг.
Таа претпоставува дека Македонија не ѝ одобрува азил на Хинд Мохамед Алболуки бидејќи „ОАЕ со помош на разни инвестиции суптилно влијаат врз политиката на помалку богатите земји“, пишува Си-ен-ен.