Home Наука и техонологија Арантаран се бара оваа ретка машина

Арантаран се бара оваа ретка машина

Ratarosa е YouTube корисник кој е пасиониран обожавател на брендот Ferrari и сега се впушти во една не баш лесна и евтина мисија.

Тој арантаран го бара еден специфичен F40, примерок пронајден во обемната колекција на синот на Садам Хусеин. Ујди Хусеин, наводно, имал колекција од околу илјада автомобили, меѓу кои класици на Ферари, Ламборџини и Порше.

За жал, голем дел од колекцијата е исчезната или уништена. Познато е дека е уништена исклучително ретката Ламборџини ЛМ 002. Во напад на американските сили во Ирак, Удеј наводно наредил на паравоената единица Федеинен Садам да ги запали неговите автомобили пред некој да ги украде. Судејќи според досегашните информации, Ф40 ја избегнал таа судбина.

Фотографиите покажуваат дека е во катастрофална состојба, многу делови недостасуваат, а биле инсталирани и некои заменски. Во коментарите на видеото, се дознава дека автомобилот сè уште постои и се наоѓа во Ербил во северен Ирак.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…