Арамија се обидел да ограби обложувалница, но му ја треснале вратата пред нос


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вработен од обложувалница спречил грабеж откако му ја затворил вратата на крадецот.

Како што соопшти полицијата, во петокот Б.М. пријавил дека во спортската обложувалница „Спорт Лајф“ лоцирана во населба Хром на ул.„Адолф Циборовски“, засега непознато лице, маскирано со маска на главата, а во раката држело торба и пиштол, се обидело да влезе во обложувалницата. Откако пријавителот го забележал ја затворил вратата и не го пуштил внатре.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.