Aр Кели имал секс со 15-годишно девојче


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Музичарот Ар Кели имал секс со 15-годишно девојче, според сведочењето во судот во Чикаго.

Наводната жртва – позната на поротата под псевдонимот Џејн – тврди дека хитмејкерот имал секс со неа „стотина пати“ пред таа да наполни 18 години, почнувајќи кога таа имала 15 години, а тој бил во 30-тите.

Џејн, која сега има 38 години, исто така им кажа на поротниците дека барала раперот (55)  да ѝ биде кум кога имала 13 години. Ова се случувало во 90-тите.

Следните недели, таа детализираше како Ар Кели, наводно, ѝ телефонирал и ѝ кажувал сексуално експлицитни работи. Тој првпат ги допирал нејзините гради и другите делови од телото кога имала 14 години на снимање во Чикаго, родниот град на хитмејкерот.

Во тој период започнало наводното „пенетрирање“. Ова се случило во неговиот дом на северната страна на градот. Жената ѝ кажа на поротата дека таа имала 15 години кога првпат почнале да имаат сексуален однос.

Кога обвинителот ја праша како знаела што да прави во кревет, Џејн пред судот рече: „Тој ми кажуваше што да правам“.

Кога ја прашаа колку пати имаат секс пред нејзиниот 18-ти роденден, таа одговори: „Неброени пати. Стотици“.

Обвинителите цитираа видео, наводно, снимено од самиот Кели, на кое се гледа како раперот има секс со девојчето како она што ја покрена истрагата за неводите за злоставување деца.

Обвинителите веруваат дека Кели – вистинското име му е Роберт Силвестер Кели – ја поткупил и заплашил Џејн да не сведочи против него, што таа не го сторила и тој на крајот беше ослободен. Во овој случај, Џејн сега соработува со истражителите.

Ар Кели – кој ги негира сите обвинувања – се соочи со бура од тврдења дека е сексуален насилник. Ваквите наводи се омасовија во екот на движењето MeToo и документарната серија од 2019 година, Surviving R Kelly.