Апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара некаква амнестија, СДСМ дефокусира од штетниот договор со Грција!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара и преговара некаква амнестија. Ваквите неточни брифирања од СДСМ се само обид да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелните случувања поврзани со штетниот договор со Грција кој ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека треба да знаат и Заев и Шекеринска дека со ваквата оркестирана кампања, заоснована на невистини и шпекулации, на трикови, и двосмилени потези само ја одалечуваат државата од било каков успешен исход од разговорите кои се започнати.

-ВМРО-ДПМНЕ единствено за што се залага е подобрување на законските решенија и применување на европските пракси, како и обезбедување на механизми за заштита на изразената волја на граѓаните. СДСМ треба да престане да ја дезинформира јавноста и да дефокусира од заложништвото во кое ја втурна прифаќајќи го штетниот договор со Грција, нагласуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека и во однос на некои надежи и пишувања дека се договарало некаква возратна амнестија во стилот СДСМ сега, па потоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе овозможи друга амнестија, би порачале дека најдобар демант за ова ќе биде времето кое ќе покаже дека одговорност ќе има за сите оние пречекорувања на Уставот и законите кои сега се случуваат.