Вебкафе

„Апсењето“ на Плејбој зајачиците може да го чини работно место (видео)

Полицаецот Вилијам Бејкер од Мајами, Флорида, под казна беше привремено префрлен од теренска работа да извршува канцелариска служба откако на интернет беше објавено видео на кое тој глуми дека апси три полуголи манекенки.

Вилијам Бекер од Мајами Бич стана предмет на истрага на внатрешната контрола, откако сними видео во кое „апси“ три манекни облечени во провокативна долна облека, меѓу кои и Плејбој зајачицата Франсиа Џејмс, која го сподели видеото на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francia James (@francety) on

Трите биле со лисици на рацете , а Вилијам ги придружувал во полицискиот оддел на Мајами Бич, облечен во полициска униформа. Видеото на Френсија за еден ден има повеќе од 800.000 прегледи и е споделено од другите два модела со вкупно над два и пол милиони отворања.

„Дали ви се допаѓаат добри или лоши девојки? Кој ќе нè извлече од ова?” праша зајачицата покрај видеото.

Претпоставените на Бекер брзо дознале за видеото, што резултирало во поведување истрага, а тој бил повлечен од терен и бил преместен да извршува административни должности до крајот на истрагата.

Advertisements
To Top