Апсење на педофили во Србија – уапсени 11 лица кои снимале и споделувале детска порнографија (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Припадниците на МУП, Одделот за сузбивање високотехнолошки криминал СБПОК во соработка со Специјалното обвинителство за борба против високотехнолошки криминал на јавното обвинителство во Белград, уапсија 11 лица поради постоење основан сомнеж дека извршиле кривични дела прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетни лица за порнографија, искористување мрежа или комуникација со други технички средства за извршување кривични дела против половата слобода кон малолетно лице и полово вознемирување“, објави српски МУП.

„Благодарение на ефикасната и упорната работа на припадниците на министерството за внатрешни работи и СБПОК во акцијата „Армагедон“ денес се уапсени 11 лица кои ширеле детска порнографија, снимале и споделувале порнографски содржини со малолетни лица. Овие 11 лица ги контактирале децата преку интернет и договарале средби со нив за сексуални односи“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.

„Како човек и татко на малолетни деца длабоко сум засрамен бидејќи ова човечко ѓубре било меѓу нас, но како министер за внатрешни работи ветувам дека уште пожестоко и посилно ќе се бирам против педофилите и предаторите кои ги демнат нашите деца. Секое дете ќе биде заштитено, секој педофил и сексуален предатор ќе биде пронајден и уапсен“, кажа тој.

„Особено ги молам родителите да ги чуваат своите деца, повеќе да внимаваат на нив и да ги слушаат, да водат сметка со кого нивните деца комуницираат“, порача Вулин.

Притворените лица се обвинетите дека, во подолг период, преку интернет, користејќи апликација за споделување податоци или пребарувач, за да ги прикријат локациите, преземале, чувале на хард-дисковите на компјутерите и споделувале содржини направени со искористување деца во порнографски цели.

При претресот на становите на осомничените најдено е големо количество порнографски снимки и фотографии со малолетни лица, содржини со сексуална експлоатација на деца од пет до 12 години, како и други фотографии и снимки на кои деца се злоупотребени во порнографски цели.